Свет Балкан Ердоган на прославата по повод денот на републиката најави враќање на смртната...

Ердоган на прославата по повод денот на републиката најави враќање на смртната казна

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека владата ќе побара од парламентот на Турција да го разгледа повторното воведување на смртната казна во земјата, со која би биле санкционирани организаторите на неуспешниот обид за воен удар во јули годинава.

– Нашата влада до парламентот ќе достави предлог за воведување на смртната казна. Уверен сум дека парламентот ќе го одбори, а кога тој предлог ќе дојде кај мене на потпис, јас ќе го ратификувам. Тоа ќе се случи наскоро, немојте да се грижите. Ќе се случи наскоро ако даде Господ – изјави Ердоган на собир во Анкара.

По неуспешниот обид за воен удар од 15 јули годинава, Ердоган се закани со повторно воведување на смртната казна за казнување на пучистите, што наиде на осуда од страна на ЕУ.