Забава Ердоган: Муслиманите први ја открија Америка

Ердоган: Муслиманите први ја открија Америка

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека муслиманите уште во 12 век го откриле американскиот континент, а не Кристофер Колумбо, два века подоцна.

– Врските на Латинска Америка и на исламот потекнуваат уште од 12 век. Муслиманите ја откриле Америка во 1178 година, а не Кристофер Колумбо – рече Ердоган во Истанбул на Самитот на исламските лидери од Латинска Америка.

Според Ердоган, два муслимански морепловци стигнале во Америка во 1178 година, а Колумбо, наводно, споменува постоење на џамија на еден од ридовите во Куба.

Ердоган изрази спремност да учествува во изградба на џамија на местото на Куба што го споменал Колумбо.

– Би сакал за тоа да разговарам со кубанските браќа. Тој рид денеска би бил совршено место за џамија – рече претседателот на Турција.

Историските книги пишуваат дека Колумбо во 1492 година бил првиот странец што стапнал на американско тло, на својот пат кон Индија.
Муслиманските историчари и теолози неодамна го доведоа во прашање откритието, тврдејќи дека пред Колумбо стигнале муслиманите, но не постои трага што ја потврдува таа теза.