Свет Ердоган: Ќе испратиме помош во Алепо откако ќе почне примирјето

Ердоган: Ќе испратиме помош во Алепо откако ќе почне примирјето

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговата земја ќе испрати хуманитарна помош во Алепо откако договорот за примирјето во Сирија ќе стапи на сила.
Ердоган соопшти дека Турција ќе испрати храна, облека и играчки за децата во најзагрозениот дел во Северна Сирија.

Турската хуманитарна организација Црвена полумесечина во соработка со агенцијата за вонредни ситуации, ќе се обиде да достави помош и во градовите Јараблус и Ал Раи.

Турција, која минатиот месец почна операција на северот од Сирија, им помогна на сириските бунтовници да го преземат Јараблус од Исламска држава.

Во Сирија вечерва, со почетокот на празнувањето на муслиманскиот празник Курбан-бајрам, треба да стапи на сила прекинот на огнот.

САД и Русија минатата недела постигнаа договор кој предвидува прекин на огнот во цела Сирија и стапува на сила на 12 септември по залезот на сонцето.

Бунтовничките групи во Сирија различно реагираа на постигнатиот договор, додека владата на Башар ал Асад го поддржа прекинот на огнот.