Uncategorized Ердоган ќе бара поништување на одлуката на Трамп за Ерусалим во ОН

Ердоган ќе бара поништување на одлуката на Трамп за Ерусалим во ОН

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе покрене иницијатива во ОН да се поништи одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим како израелска престолнина.

Ердоган рече дека Турција најпрво ќе побара поништување на одлуката на Советот за безбедност на ОН и оти ако тој обид не успее прашањето ќе го покрене пред Генералното собрание на ОН.

Лидерите на муслиманските земји на конференција во Истанбул, која се одржа во средата ја осудија одлуката на Трамп за Ерусалим и го повикаа светот да реагира така што ќе го признае источен Ерусалим за престолнина на Палестина.