Македонија Емпаер стејт билдинг ќе биде осветлена со боите на македонското знаме по...

Емпаер стејт билдинг ќе биде осветлена со боите на македонското знаме по повод ЗОИ 2018

Во чест на денешното отворање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореја, боите на македонското знаме, заедно со боите на знамињата на другите земји учеснички на ЗОИ 2018, ќе бидат осветлени на позната зграда Емпаер стејт билдинг (Empire State Building) во Њујорк, соопшти Министерството за надворешни работи.

Осветлувањето и ротирањето на боите на знамињата на земјите учеснички на ЗОИ, ќе започне денеска во 23.22 часот по македонско време.

Официјалното соопштение за настанот е испратено до МНР од прес-центарот на Емпаер стејт билдинг.

Македонија на ЗОИ 2018 во Пјонгчанг ќе ја претставуваат тројца спортисти, Антонио Ристевски во алпско скијање – слалом и велеслалом, Ставре Јада во крос кантри – спринт и 15 километри и Викторија Тодоровска која ќе настапи во крос кантри на 10 километри.