Економија ЕЛЕМ: Нема неконтролирано испуштање на вода од Охридско Езеро

ЕЛЕМ: Нема неконтролирано испуштање на вода од Охридско Езеро

ЕЛЕМ го прилагодува испустот на вода од Охридско Езеро во Црн Дрим според котата на езерото, во согласност со податоците на УХМР, како и според страничните дотеци во сливот на ХЕЦ Глобочица, информираат од компанијата, а по повод информациите дека ЕЛЕМ ја користи водата од Дрим за пороизводство на енергија, со што Охридско Езеро има низок водостој.

– Следејќи ги хидролошките состојби, АД ЕЛЕМ во изминатиот период го редуцира, во целост го прилагоди и го оптимизира производството на електрична енергија од хидроцентралите по течението на Црн Дрим во согласност со дотеците и со хидролошката состојба – велат од ЕЛЕМ.

Оттаму очекуваат зголемување на водостојот на Охридското Езеро во наредниот период, особено со топењето на снегот на околните планини, како и поради очекуваните врнежи од дожд и од снег што директно ќе придонесат за зголемување на дотеците во езерото.