Македонија ЕЛЕМ ќе ги реконструира филтрите на РЕК Битола за да се намали...

ЕЛЕМ ќе ги реконструира филтрите на РЕК Битола за да се намали загадувањето

ЕЛЕМ годинава ќе изврши реконструкција на електростатските филтри на РЕК Битола, за да се намали емисијата на парашина, а со тоа и загадувањето на околината, информираа од Владата.

– Сметаме дека сумата која е издвоена е крајно сериозна и ќе придонесе кон подобрување на состојбите со аерозагадувањето во Битола и околината –  изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

ЕЛЕМ во својата годишна инвестициска програма предвидува 20 милиони евра за еколошки проекти со кои ќе придонесе во заштитата на животната средина.