Свет Еквадор: Еден загинат и 85 повредени во двата земјотреса

Еквадор: Еден загинат и 85 повредени во двата земјотреса

Двата силни земјотреси кои вчера го погодија Еквадор усмртија едно, а повредија 85 лица, соопшти еквадорскиот претседател Рафаел Кореа.

Според податоците на сеизмолозите, двата земјотреса биле со интензитет од 6,7, односно 6,8 степени според Рихтеровата скала.

Минатиот месец, земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала, исто така го погоди Еквадор, при што загинаа 655 лица, а 48 се уште се водат за исчезнати.