Свет Свет Еквадор: Бројот на загинатите во земјотресот достигна 507 лица

Еквадор: Бројот на загинатите во земјотресот достигна 507 лица

Бројот на загинатите во земјотресот во Еквадор се зголеми на 507 лица, соопштија синоќа еквадорските власти.

Меѓу загинатите има и 11 странци.

Како што јавуваат локалните медиуми, досега се идентификувани 499 жртви. Нивните тела им се предадени на семејствата.

Земјотресот со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала, во неделата ја погоди јужноамериканската држава Еквадор. Досега штетите се проценуваат на милијарди долари.