Свет Свет Најмалку 12 лица загинаа во напад на хотел во Сомалија

Најмалку 12 лица загинаа во напад на хотел во Сомалија

Најмалку 12 лица загинаа при вооружен напад врз хотел во претстолнината на Сомалија, Могадишу, што го изврши екстремистичката група Ал шабаб.

Бомбаш-самоубиец со автомобил удрил во влезот на хотелот „Сомали јут лиг“, а потоа вооружените напаѓачи влегле во хотелските простории каде што пукале врз обезбедувањето.

Овој хотел се наоѓа блиску до претседателската палата, каде што пред еден ден имаше напад и беа убиени три лица.