Свет Европа Експлозија во украинскиот град Харков

Експлозија во украинскиот град Харков

На истокот на Украина, во Харков, кој е под контрола на владините сили, во центарот на градот денеска одекна силна експлозија. Тоа е последната експлозија во серијата бомбашки напади во најголемиот град во источниот регион, под контрола на Киев.

Бомбата експлодирала утринава, во автомобил „опел ес-ју-ви“, кои украинските сили ги користат во операциите против сепаратистите кои ја поддржуваат Русија, во соседен Доњецк.

Од експлозијата скршени се стаклата на околните згради, но нема жртви.
Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.