Свет Експлозија во метро во Техеран – двајца загинати

Експлозија во метро во Техеран – двајца загинати

Два лица загинаа во експлозија во тунел на подземната железница во Техеран, јави иранската агенција „Фарс њуз“, додавајќи дека во експлозијата е оштетен и гасоводот.

Експлозијата се случила рано утринава, додека работници работеле на копање нов тунел.

Експлозиите на гас се честа појава во Иран и најчесто се последица на лошите безбедносни мерки.