Свет Европа Експлозија во Институтот за криминологија во Брисел

Експлозија во Институтот за криминологија во Брисел

Бомба утринава експлодира во бриселскиот Институт за криминологија, јави белгиската телевизија РТЛ.

Автомобил ја пробил оградата околу 3 часот наутро по локално време, а потоа напаѓачите ја детонирале бомбата во близина на лабораторијата.

За време на нападот, зградата на институтот била празна, поради што нема повредени лица од експлозијата, која предизвикала пожар.