Свет Експлозија во болница во Пакистан – 57 загинати и десетици повредени

Експлозија во болница во Пакистан – 57 загинати и десетици повредени

Педесет и седум лица загинаа, а десетици се повредени во бомбашкиот напад на болница во пакистанскиот град Квета.

Пакистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека истрагата е во тек и оти не се отфрла можноста да станува збор за бомбаш-самоубиец.

Експлозијата, за која засега никој не презема одговорност, се случила откако во болницата било донесено телото на претседателот на адвокатското здружение во провинцијата Белуџистан, Билал Каси, кој бил застрелан во друг напад.

Во моментот на експлозијата, пред болницата имало луѓе кои пристигнале да изразат сочувство за убиениот колега, кој бил застрелан на пат кон судот.