Свет Експлозија и жртви во близина на границата на Сирија со Турција

Експлозија и жртви во близина на границата на Сирија со Турција

Петнаесет лица загинаа, а 25 се повредени во напад кој го изврши бомбаш-самоубиец на автобус во близина на границата со Турција, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Автобусот, како што наведува Опсерваторијата, превезувала борци за граѓанската војна во Сирија.

Телевизијата „Си-ен-ен Турск“, повикувајќи се на локални извори, објави дека експлозијата се случила на влезот на бегалскиот камп Атмех во Сирија, кај граничниот премин.