Свет Свет Експлозија и пожар на автобуска станица во Детроит

Експлозија и пожар на автобуска станица во Детроит

На автобуска станица во Детроит одекнала експлозија, по која избил пожар, но детали засега не се познати.

Локалните медиуми јавуваат дека пожарот поприлично ја оштетил зградата на автобуската станица и оти пожарникарите сè уште го гаснат.

Засега нема информации за причината за експлозијата, ниту дали има повредени.


.