Свет Експлозии во складиште со оружје во Азербејџан – шест повредени

Експлозии во складиште со оружје во Азербејџан – шест повредени

Најмалку шест лица се повредени откако пожар зафати складиште за оружје, во воена база во Азербејџан, по што следуваа неколку експлозии, јавуваат азербејџанските медиуми.

Засега не се знае дали повредените се цивили или војници.

Поради експлозиите и пожарот, евакуирани се жителите на околните села, а затворен е и автопатот кој главниот град Баку го поврзува со Русија.

Локалните власти велат дека противпожарните и амбулантните возила не можат да пристапат до местото поради експлозиите.