Видео Експлодирал камион во тунел во Јужна Кореја и се запалиле 11 возила

Експлодирал камион во тунел во Јужна Кореја и се запалиле 11 возила

Камион кој превезувал разредувач, експлодирал во тунел на автопат во Јужна Кореја, по што возачот ја изгубил контролата и со возилото удрил во ѕид.

Пламенот зафатил 11 возила, повредени се 21 лице, но никој не го изгубил животот.

Несреќата се случила во тунелот Санџ, во близина на градот Чханвон, пренесуваат локалните медиуми.

По ударот во ѕидот на тунелот, камионот се запалил, по што дошло до уште една поголема експлозија.