Свет Египет: Смртна казна за шпионажа во корист на Катар

Египет: Смртна казна за шпионажа во корист на Катар

Египетскиот суд денеска осуди на смрт шест поранешни функционери на забранетата група Муслимански браќа во Египет, кои беа обвинети за шпионажа во корист на Катар.

Пред да станат правосилни, пресудите мора да добијат одобрение од високиот муфтија на Египет.

Во меѓувреме, судот го одложи за 18 јуни објавувањето на пресудите против главниот обвинет во случајот – поранешниот претседател Мохамед Морси, и против уште четворица обвинети.