Свет Египет: 230 лица осудени на доживотен затвор

Египет: 230 лица осудени на доживотен затвор

Египетскиот суд осуди 230 лица на доживотен затвор поради учество во судирите во 2011 година.

Меѓу 230 осуденици се наоѓа и секуларниот активист Ахмед Дума, еден од организаторите на протестите пред четири години, кој веќе издржува тригодишна затворска казна поради кршење на драконскиот закон за протести.

Судската одлука е најтешка досега изречена пресуда против секуларните активисти кои ги предводеа масовните протести пред четири години, што го принудија претседателот Хосни Мубарак да се повлече од власт.

Случајот со 230 осуденици е поврзан со судири кои избија во центарот во Каиро во декември 2011 година, во текот на кои пожарот проголта делови од библиотеката во која се чувани ретки книги и ракописи.