Македонија Едноминутен молк во Собранието за жртвите во Париз

Едноминутен молк во Собранието за жртвите во Париз

По предлог на пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска, пратениците во Собранието на Македонија со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите во синхронизираните терористички напади во Париз, пред да почнат со расправата по двете точки на дневниот ред.

По предлог на претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, прва точка за расправа на дневниот ред е одлуката за објавување јавен оглас за избор на претседател и на членови на Државната изборна комисија, а втора точка е расправа по дополнет предлог-буџет за 2016 година.