Главна секција Едногласно избрана техничката влада

Едногласно избрана техничката влада

Со сите гласови „за“ вечерва во Собранието на Република Македонија беше избрана новата преодна, техничка влада, која треба да спроведе слободни, фер и демократски избори.

“За” гласаа 101 пратеници, немаше ниту еден глас против, ниту пак воздржан.

Во 18 часот ќе биде одржана и седницата на која ќе бидат избрани и дополнителните заменици министри, додека членовите на владата во 18.30 ќе бидат примени и од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Во преодната влада Радмила Шекеринска, како и досега, ќе раководи со Министерството за одбрана, Бујар Османи ќе биде министер без ресор, исто како и Мила Царовска, која ќе го наследи Кочо Анѓушев, потоа Никола Димитров ќе раководи со Министерството за надворешни работи, Наќе Чулев во МВР, Садула Дураки, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, министер за труд и социјална политика ќе биде Рашела Мизрахи, а Нина Ангеловска во Министерството за финансии. Венко Филипче е избран, како и во досегашниот состав, за министер во Министерството за здравство, Рената Дескоска за министер во Министерството за Правда, Крешник Бектеши во Министерството за економија, Трајан Димковски како министер во Министерството за шумарство и водостопанство, Дамјан Манчевски министер во Министерството за информатичко општество, Горан Сугарески продолжува во Министерството за транспорт и врски…

Техничката влада се избира со просто мнозинство. Ова ќе биде втора преодна влада пред одржување предвремени парламентарни избори. Премиер на првата преодна влада формирана по Пржинскиот договор беше Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ.