Свет Свет Една жена е повредена во експлозија во Каиро

Една жена е повредена во експлозија во Каиро

Во текот на минатата ноќ три лица се повредени при експлозија во метро во главниот град

Една жена е повредена утрово при експлозија во близина на претседателската резиденција во Каиро.

Откако армијата го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси во јули 2013 година, Египет е зафатен од серија напади. За нив се одговорни џихадистички групи, кои тврдат дека дејствуваат како одговор на жестоките репресии против приврзаниците на Морси.

Во текот на минатата ноќ, двајца египетски полицајци се убиени во експлозија на бомба во воз во северниот дел на Каиро, а три лица се повредени при експлозија во метро во главниот град.