Свет Единаесет загинати при пад на воен авион во Колумбија

Единаесет загинати при пад на воен авион во Колумбија

Авион на колумбиското воено воздухопловство денеска се урнал во северниот дел на земјата, а во несреќата загинале сите 11 лица што биле во него, соопштија колумбиските власти.

Двомоторниот транспортен авион од типот ЦН235 се урнал во рурално подрачје во близина на градот Кодаци, во провинцијата Цезар. Како што јавуваат медиумите, пред падот, екипажот на авионот пријавил дека имаат проблеми со моторот.

Сите загинати биле припадници на колумбиското воено воздухопловство.

Според информациите, веднаш била наредена истрага за падот, а во своето обраќање претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, ги опишал жртвите како херои.

Колумбиските медиуми пренесуваат изјави на очевидци, кои велат дека авионот бил погоден од гром.