Свет Единаесет рибари загинале во несреќа во Црвено Море

Единаесет рибари загинале во несреќа во Црвено Море

Единаесет рибари се удавиле, исто толку се повредени, а 23 се водат за исчезнати откако нивната лаѓа утрово ударила во товарен брод, недалеку од брегот на египетското гратче Ел Тур, на југот на Синајскиот Полуостров, пренесуваат медиумите.

Според изјавите на преставници на упрвата на пристаништата во Црвеното Море, товарниот брод во кој ударило рибарското бротче пловел под панамско знаме и во него имало 220.000 тони товар.

По несреќата, на рибарите на помош им дошле три брода, што се нашле во близина, како и крајбрежната стража која трага по исчезнатите.

Според информациите, во рибарското бротче во моментот на несреќата имало 45 рибари.