Економија ДЗС: Невработеноста во првото тримесечје паднала за 2 отсто, вработеноста за еден...

ДЗС: Невработеноста во првото тримесечје паднала за 2 отсто, вработеноста за еден отсто

Во првото тримесечје од 2021 година активното население во Република Северна Македонија изнесувало 943.964 лица, од кои вработени се 793.121, а 150.843 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56 отсто, стапката на вработеност 47,1 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 16 отсто, објави Државниот завод за статистика.

За споредба, во првото тримесечје минатата година стапката на невработеност изнесувала 16,2 отсто, а во цела 2020 била 16,4 отсто. Додека стапката на вработеност во првиот квартал минатата година била 48,1 отсто.

Од вкупниот број на вработени во првите три месеца годинава, најголем број биле вработени во преработувачката индустрија, 160.223. Најголем дел од нив, 159.775 лица, работеле во приватни деловни објекти. Најмалку работници, пак, 6.202, се евиденирани како вработени во дејноста рударство и вадење на камен, од кои 2.221 лица работеле во приватни фирми.