Економија ДЗС: Kомпаниите лани извршиле градежни работи во вредност од 500 милиони евра

ДЗС: Kомпаниите лани извршиле градежни работи во вредност од 500 милиони евра

Фото: Архива Мета

Во минатата година во државава деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 30.478.753 илјади денари или 500 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика, ДЗС. Од нив, 12.303.726 илјади денари биле потрошени за објекти во индивидуална сопственост.

Вредноста на извршените градежни работи во виоскоградбата изнесувала 12.330.427 илјади денари, а во нискоградбата 12.328.645 илјади денари. За реконструкција на објекти биле потрошени 5.819.681 илјади денари.

Во текот на 2019 година се градени вкупно 2.412 објекти, а завршени се вкупно 3.916 станови со вкупна површина од 258.328 квадратни метри, од кои сите се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови изнесува 66 квадратни метри.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот, потоа во Источниот и во Југозападниот Регион, соопшти ДЗС.