Македонија ДЗС: До вчера до 20 часот на пописот се евидентирани 871.488 лица...

ДЗС: До вчера до 20 часот на пописот се евидентирани 871.488 лица во земјава

Извор: ДЗС

Државниот завод за статистика информира дека до вчера (17.09.2021) до 20 часот, во државата се попишани 871.488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови. Надвор од државата, пак, преку интернет досега самостојно се евидентирале 193.236 иселеници.

При посетата на Комисиите на пописни реони Дебар, Маврово-Ростуша и Струга Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, вчера посочи дека процесот на попишување се одвива во најдобар ред, без проблеми и без одбивања помеѓу населението.

Пописот ќе трае до крајот на септември, а започна пред две седмици.