Главна секција Двете лица на Груевски: Битка за инвестиции и за секој квадрат на...

Двете лица на Груевски: Битка за инвестиции и за секој квадрат на Водно и во Капиштец

Премиерот Никола Груевски на трибината во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се пофали со инвестициите и со делата кои ВМРО-ДПМНЕ ги направила за Македонија, но најави и десетици нови инвестиции.

Паралелно, неговиот политички противник, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пушти снимки од разговорите во кои Груевски договара промена на урбанистички планови, пренамена, поделба и откуп на парцели на Водно и во Капиштец.

Груевски за делата Груевски за парцелите и квадратите
– Од 2006 година отворени над 138.000 работни места.- Стапката на невработеност од околу 38% е намалена на 27,6% .
– Белгиската компанија која почна со работа во Скопје и ќе вработи 200 луѓе.
– 25.000 пензионери отидоа на бесплатна бања.
– Пензиите во просек се зголемени за 62%, а најниските пензии се зголемени за 76%.
– Фабриката на „Маккард“ во Велес чија градба е во финиш и која ќе вработи 600 луге.
– Платите во јавниот сектор се покачени за 27% и пак ќе растат.
– Обезбедени се над 300 нови автобуси за градскиот превоз.
– Обезбедени се 80 нови возила за итна медицинска помош.
– Над 600 милиони евра се дадени како субвенции за земјоделците.
– Обезбедени се 107 нови товарни вагони за железницата, а ќе пристигнат уште 43.
– Обезбедена е најсовремена медицинска опрема и апарати во вредност од над 100 милиони евра.
– Намалени се цените на лековите на над 3.000 лекови некаде и до 80 проценти.
– Достапноста и опфатноста на интернет е зголемена од 16% на над 70%.
– Цената на телефонскиот импулс е намалена за над 70%.
– Партиципацијата за студирање на државните универзитети е намалена од 1.000 на 200 и 400 евра.
– Воведена е минимална плата и неколкупати е зголемена со ново веќе најавено зголемување следната година.
– Од изградени се 45 основни и 5 средни школи.
– Реконструирани се 230 основни и 80 средни школи.
– Изградени се 44 училишни спортски сали и 35 спортски сали.
– Социјалната парична помош е зголемена за 47%, а постојаната парична помош за 46%.
– Изграден е нов аеродром во Скопје и целосно е реконструиран и модернизиран охридскиот аеродром.
– Обезбеден е откуп на дворови по 1 евро за метар квадратен.
– 350 милиони евра евтини кредити за македонските компании.
– Изградба на железницата кон Бугарија.
– Од вчера и гасоводот од Куманово кон Штип, се градат три автопати, едниот меѓу Демир Капија и Гевгелија, вториот од Скопје кон Штип, третиот од Охрид кон Кичево, во април ќе излезе јавен повик за концесионер за нов автопат, помеѓу Кичево и Гостивар.
– Зголемување на социјалната помош
– Оваа година очекуваме уште нови 25 странски компании и да креираат нови над 13.000 работни места.
– „Техникал текстаил“ во Штип со 600 вработувања кои ќе почнат од јуни.
– „Монтанте“ во Скопје за производство на амортизери која ке вработи 400 луѓе.
– „Диатек“ во Скопје со 200 вработувања за почеток, печатарска индустрија.
– „Ки сеифти системс“ во Кичев ќе вработат за 1.000 луге.
– „Гентерм“ во Прилеп каде ќе се вработат 2.000 луѓе.
– „ОДВ електрик“ во Охрид – Струга ќе вработат 1.000 луѓе.
– Американска инвестиција од автомобилската индустрија во Тетово ќе вработи 2.500 луге од тој регион.
– Инвестиција во Василево, за производство на матерјали кои се користат во рударство и градежништво.
– Инвестиција во Велес со 1.000 вработувања
– Германска компанија ќе инвестира во Прилеп, автомобилска индустрија, висока технологија, 250 вработувања.
– Германска компанија во Скопје ќе гради фабрика за производство на електрични уреди, инвестиција вредна 30 милиони евра, 500 нови вработувања.
– Изградени се Националната арена „Филип Втори Македонски“ и Спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“.
– Од август/ септември пак, ќе започне градбата на нов експресен пат со четири ленти меѓу Штип и Кочани и проширување во ист таков експресен пат помеѓу Градско и Прилеп, а од некаде нова година и Охрид /Пештани.
– Следната година ќе почне градбата на експресниот пат со четири ленти од Ранковце до Крива Планка и бугарска граница, и процедурата за градба на четири ленти експресен пат од Штип до Радовиш.

– Таму имаш секакви шушљупаковци, што присустуваат на градежна експанзија, што знам, а?

– Само да не ти искочи по весници, мада немаше нешто. спектакуларно за по весници. У секој случај преземи, секоја втора недела терај го.

– Значи, ти си одговорен за спроведување на договореното од комбето.

– Мада, па, сега има избори, нема везе, шибај колку можеш, па ќе видиме. Втора работа. Ова ГУП-от помина, знаеш за што те прашувам, е сега треба ДУП.

– Океј. Тоа ми беше втората точка. Ако можеме да го изгураме пред овакво, пред овие да се распишат, знаеш.

– Само реков нека го распределат на поише парчиња, на колку парчиња го имаат распределно не знам, ја би го напраил на 20 парчиња пошто тоа е големо.

– Тоа ми е исто хитно како и ова, дури похитно ми е тоа, знаеш. Тоа е многу поголемо. Тоа го начекав за џабалк.

– Значи, тоа новото е доста поголемо од старото.

– И што губам ако го поделам на 20, ништо. Така?

– Значи, нема 11, едно ќе се откупи формално, иначе тоа е завршена работа, 11 се откупени, али формално вака едно се откупува.

– Прашај го на колку парчиња е поделено, по колку е едно парче и, што е најважно, прашај го дали може сега во јануари да се заврши работата.

– А за тоа по малце, тоа не ми треба уствари да се дели, нели го напраивме да може тоа и друга варијанта да биде. Така?

– Ако остане едно, ќе биде едно големо?

– Миле, за ова што зборевме сега, за овие осумте што ги зборевме…

– Провери во рамките на една парцела дали до максимум е искористено тоа за градба?

– Дали е 70 отсто?

– Ама тоа да си сигурен дека 70 ќе биде, тоа ми е муабетот?

– Ти ми рече 2.000 квадрати е дооформување, така?

– А колку беше дооформувањето, цена, што ми пиша еднаш?

– Вчера ова ливчево што ми го покажа ти.

– Ми викаш пола патот е ваму, пола е таму, така?

– Па, да им го бутнеме таму поише. На нивна територија, мислам на работ кај нив, ама цело кај мене да се гледа.

– Тие да беа на наше место, на пола ли ќе го стаат?

– Таму знаеш што може да се направи? Може, за да не се гледаат одоздола, да се дигне малце потпорен ѕид, да се напуни со земја и ќе гледаат у ѕид. Тоа ми текна.

– Едно 6-7 метри дигаш потпорен ѕид и они одоздола гледаат у ѕидот.