Свет Балкан Две згради се срушија во Истанбул

Две згради се срушија во Истанбул

Две згради се срушија во центарот на Истанбул. Властите засега немаат информации дека под урнатините се наоѓаат луѓе, пренесуваат турските медиуми.

Првичните информации укажуваат дека една од зградите во моментот на уривањето била празна, но урнатините ги затрупале околните дуќани, во кои во тој момент имало луѓе.

Властите веруваат дека нема жртви ниту повредени во несреќата.