Свет Балкан Две лица загинаа при експлозија на бомба во Котор

Две лица загинаа при експлозија на бомба во Котор

Две лица загинаа во експлозија на бомба во населбата Муо во Котор, Црна Гора, јавуваат црногорските медиуми.

Како што пишуваат медиумите, во експлозијата загинале двајца жители на Котор.

Агенцијата „Танјуг“ јавува дека експлозивната направа била фрлена околу 16.30 часот, пред една од куќите.

Според агенцијата, блокирани се сите улици во населбата, а во тек е потрага по осомничени лица.