Хроника Две лица повредени во сообраќајка кај Никуштак

Две лица повредени во сообраќајка кај Никуштак

Две лице се повредени во сообраќајната несреќа при директен судир на две возила што се случи вчера попладне на регионалниот пат Куманово-Скопје, кај село Никуштак

Во несреќата учествувале два автомобили, „рено“ со скопски регистарски ознаки управувано од 50-годишниот С.Ј. од Кратово и „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал 36-годишниот С.С.

Возачот на „аудито“ се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Кумановската болница и е задржан на лекување. Неговиот сопатник е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.