Свет Две лица исчезнаа во пожарите во Австралија

Две лица исчезнаа во пожарите во Австралија

Шумски пожари сè уште беснеат во Австралија, а најтешко е на југот на земјата, близу градот Аделаид, каде е прогласен и највисок степен на опасност.

Во пожарот изгореа 12 куќи, а уште околу 20 се во опасност. Две лице се сметаат за исчезнати, а 22 пожарникари се полесно повредени.