Подглавна секција Две лица се тешко повредени во судар на два автобуси во Прилеп

Две лица се тешко повредени во судар на два автобуси во Прилеп

Фото: Министерство за внатрешни работи

Две лица се тешко повредени во судир на два автобуса утрово во 06.00 часот во прилепската населба Точила, а повеќе од 20 патници здобиле повреди кои не се животно загрожувачки.

Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп, а една жена е оставена на болничко лекување.

Од Основното јавно обвинителство Прилеп соопштија дека дежурен јавен обвинител заедно со полициски увидни екипи, утрово извршиле увид во населбата Точила каде се случи сообраќајна незгода.

Според првичните сознанија на обвинителството, во едниот автобус освен возачот немало други патници, додека во другиот се превезувале 20-тина работници кои се пожалиле на полесни повреди.

Дежурниот јавен обвинител издал наредби за фотографирање и скицирање, како и за прибирање на траги од лице место, по што ќе биде издадена наредба за нивно вештачење. Исто така, издадена е наредба да се извршат разговори со сите патници со цел да се утврдат причините за несреќата.​​