Македонија Дванаесет повредени во сообраќајна несреќа кај Штип

Дванаесет повредени во сообраќајна несреќа кај Штип

Во директен судир меѓу минубус на автопревозникот „Струмица експрес“ и автомобил, марка „опел астра“, вчеравечер биле повредени 12 патници, кои веднаш се пренесени во Клиничката болница во Штип.

Според првичните информации, две лица биле потешко повредени и се префрлени во болниците во Скопје, а тројца, кај кои биле констатирани полесни повреди, по укажаната лекарска помош, се пуштени на домашно лекување. На останатите, на одделот за хирургија на штипската клиника им се санирани повредите на лицето.

Сообраќајната незгода се случила кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ на излезот од Штип, во населбата Три чешми, кога автомобилот на излегување директно се судрил со минибусот, кој сообраќал на релацијата Струмица – Скопје.

В.К.