Свет Балкан Двајца загинати во железничка несреќа во БиХ

Двајца загинати во железничка несреќа во БиХ

Две лица загинаа, а едно е потешко повредено при судир на два товарни воза во Долна Јабланица во Босна и Херцеговина. Несреќата се случила вчера во 23.10 часот во близина на железничката станица, откако едната локомотива поминала на црвено и директно се судрила со другата.

Загинатите се железнички работници од Сараево. Eден нивни колега успеал навреме да скокне од возот и поминал без повреди, додека другиот го извлекле пожарникарите, кои морале да ја сечат локомотивата.