Свет Двајца загинати и 55 повредени во експлозија во ресторан во Кина

Двајца загинати и 55 повредени во експлозија во ресторан во Кина

Најмалку две лица загинаа, а 55 се повредени во експлозија во ресторан во прометна улица во кинескиот град Хангџоу.

Според наводите на градската канцеларија за информации, повредените се хоспитализирани, а од нив 12 лица биле со тешки повреди.

По експлозијата избил пожар во една од соседните продавници, кој набргу бил изгаснат.

Истрагата за инцидентот е во тек, а властите се сомневаат дека до експлозијата дошло поради протекување на гас.

Во Кина често се случуваат експлозии поради непочитување на безбедносните правила.