Свет Двајца војници загинаа, а двајца се повредени во напад на бомбаш-самоубиец во...

Двајца војници загинаа, а двајца се повредени во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан

Двајца авганистански војници загинаа, а уште двајца се повредени, во напад на бомбаш-самоубиец северозападно од Кабул.

Во северната авганистанска провинција Фаријаб во вчерашната заседа од Талибанците загинаа најмалку 15 припадници на милицијата лојална на генералот Абдула Рашид Достум, потпретседател на Авганистан.