Свет Балкан Двајца повредени при експлозија во воена база кај Тирана

Двајца повредени при експлозија во воена база кај Тирана

Најмалку две лица се полесно повредени при експлозија во воена база во близина на албанскиот главен град Тирана.

Министерството за одбрана соопшти дека еден од повредените е воено лице, додека другиот е цивил.

Експлозијата се случила во воената база Порто Романо, на 40 километри од Тирана.

Засега не се познати причините за експлозијата.