Свет Свет Двајца мртви по пукање во Сиднеј, во тек полициска операција

Двајца мртви по пукање во Сиднеј, во тек полициска операција

Две лица наводно се убиени во пукање пред седиштето на полицијата во Сиднеј, Австралија, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаите на австралиските медиуми.

Според изјави на очевидци, на улицата пред станицата, во бизнис-областа Парамата, биле забележани две мртви тела покриени со чаршафи.

Полицијата сè уште не го потврдила случајот и смртта на двете лица, но сооптштила дека во тек е полициска операција и побарала од граѓаните да не приоѓаат во тој дел од градот.

Луѓе што живеат во близина на полициската зграда за локалните медиуми изјавиле дека слушнале повеќе истрели од огнено оружје.