Хроника Двајца македонски државјани фатени во Косово со фалсификувани евра

Двајца македонски државјани фатени во Косово со фалсификувани евра

Косовската полиција уапсила двајца македонски државјани на граничниот премин Хан Елези – Блаце, на косовско-македонската граница, поради поседување 4.190 фалсификувани евра.

„Кај македонските државјани пронајдени и запленети се 75 банкноти од 50 евра,19 банкноти од 20 евра, три банкноти од 10 евра и шест банкноти од 5 евра, за кои постои сомнеж дека се фалсификувани“, соопшти косовската полиција.

На уапсените им е одреден притвор.