Видео Дваесет загинати во нападот на ресторан во Могадишу

Дваесет загинати во нападот на ресторан во Могадишу

Сомалиските сили за безбедност ставиле крај на опсадата на ресторанот на плажа, што беше нападнат од исламистичките милитанти, кои убија повеќе од 20 лица, соопшти полицискиот капетан Мохамед Хусеин.

Силите за безбедност ја презеле контролата над ресторанот пред зора, рече капетанот Хусеин од местото на нападот во Могадишу.

Не е прецизирано дали меѓу 20 загинати се и напаѓачите. Експлозија и рафали се слушнале кога сомалиските специјалци влетале во просторијата, во обид да ги истераат од ресторанот припадниците на милитантната група Ал шабаб.

Силите за безбедност спасиле повеќе лица, кои се наоѓале во салата на ресторанот во моментот кога почнал нападот, додаде Хусеин.