Свет Дваесет загинати во два бомбашки напади во Багдад

Дваесет загинати во два бомбашки напади во Багдад

Повеќе од 20 лица се убиени во два бомбашки напади на шиитски светилишта во ирачкиот главен град Багдад, јавуваат локалните претставници.

Најмалку 17 лица се убиени во Багдад, кога бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот на комеморација на припадник на шиитската милиција, кој загинал во борбите против организацијата Исламска држава.

Ирачките претставници изјавуваат дека бомбашкиот напад, за кој никој не ја презел одговорноста, е изведен за време на верската служба во багдадското предградие Хај ал Амал, додавајќи дека најмалку 43 лица се ранети.

Уште пет лица се убиени кога бомба експлодирала пред шиитски храм во квартот Садр Сити. Во нападот се повредени 15 лица.