Свет Дваесет убиени во самоубиствен напад во Кабул

Дваесет убиени во самоубиствен напад во Кабул

Најмалку 20 лица, вклучувајќи жени и деца се убиени во самоубиствен бомбашки напад пред Врховниот суд на Авганистан во Кабул, соопшти Министерството за здравство.

Повеќе од 40 лица се повредени.

Бомбашот самоубиец го детонирал експлозивот на автобуска станица во близина на судот.

Засега ниту една група не ја презела одговорноста за нападот.