Свет Дваесет и шест загинати во судирите на војската и на бунтовниците во...

Дваесет и шест загинати во судирите на војската и на бунтовниците во Пакистан

Седум пакистански војници и 19 бунтовници загинаа во судирот во близина на границата со Авганистан, соопшти денеска војската.

Во соопштението се наведува дека во племенската област Северен Вазиристан, во текот на ноќта дошло до жестока размена на оган и оти меѓу загинатите бунтовници има и пет нивни команданти.

Седум војници настрадале кога еден од бунтовниците активирал експлозив прикачен за појасот, додека бегал од војниците.

Во Северен Вазиристан, некогашното упориште на пакистанските талибанци, од јуни минатата година трае голема воена операција против локалните и странските бунтовници.

Војската вели дека во операцијата е исчистена 90 отсто од територијата.