Свет Дваесет и еден загинат во два напади во Кабул

Дваесет и еден загинат во два напади во Кабул

Најмалку 21 лице загинаа, а повеќе од 45 се повредени во две експлозии кои го потресоа подрачјето во близина на авганистанскиот парламент во Кабул.

Едната експлозија ја предизвикал автомобил бомба, а локалните власти сметаат дека станува збор за координирана акација и оти мета, најверојатно, биле вработените во парламентот.

Според некои извештаи, безбедносните сили запреле друго возило со експлозив.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.

Истовремено, бомбаш самоубиец се разнесе во провинцијата Хелманд, при што повредени се шест лица.