Свет Два земјотреса „близнаци“ во близина на нукеарна централа во Јужна Кореја

Два земјотреса „близнаци“ во близина на нукеарна централа во Јужна Кореја

Два земјотресa со магнитуда од 5,5 и од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погодија подрачјето кај јужниот брег на Јужна Кореја, соопшти метеоролошката служба.

Во соопштението се наведува дека станува збор за подрачје кое се наоѓа на шест километри северно од пристаништето Поханг.

Епицентарот бил на 35 километри од нуклеарната централа, но не е пријавена штета.

Потресите се почувствувале и во Сеул, околу 270 километри од Поханг. Властите наредија евакуација на жителите на Поханг.

Подоцна е регистриран уште еден потрес со магнитуда од 3,6 степени.

Првобитниот потрес бил на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.

Поханг се наоѓа на 35 килоемтри од нуклеарната централа Волсеонг, која има шест оперативни реактори.