Хроника Два пожари ноќеска – радовишанка се надишала чад, изгорела работилница

Два пожари ноќеска – радовишанка се надишала чад, изгорела работилница

Два поголеми пожари се регистрирани ноќеска, при што во едниот 75-годишна радовишанка се изнадишала чад и завршила в болница, а во вториот изгорела работилница за брикети во скопската населба Бутел.

Во Радовиш ноќеска во 1.35 часот бил пријавен пожар на улицата 22 Октомври. Пожарот избувнал во куќата на 75-годишната М.Р., при што изгорела покуќнината во собата каде што спиела сопственичката. Пожарникарите го изгасиле пожарот, а жената која вдишала од чадот потоа била префрлена во Медицинскиот центар во Штип.

Во пожар кој избувнал во работилница за изработка на брикети на улицата Бутелска 7 во Скопје, изгорела целата работилница, соопшти СВР Скопје. Пожарникарите, на кои случајот им бил пријавен вчера, околу 40 минути пред полноќ, потоа го локализирале пожарот.