Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс за избор на реонски попишувачи за Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, информираат од Владата.
Повикот се однесува само за реоните каде недостасуваат попишувачи, а со цел да се запази принципот дека секое населено место ќе има локален попишувач кој го познава местото и населението што живее таму, како и да има доволно попишувачи кои можат процесот да го спроведат на јазиците кои се загарантирани со Уставот на Северна Македонија. Огласот трае до 20 март 2021 година.
„Владата се приклучува на повикот на ДЗС, сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите да се пријават на конкурсот достапен на следниов линк: https://popis2021.stat.gov.mk/
За ангажманот лицата ќе добијат соодветен надоместок, кој се пресметува врз основа на веќе воспоставена методологија од страна на ДЗС.
„Успешно спроведен попис е врвен приоритет на Владата на Северна Македонија. После 20 години, наша обврска и одговорност е да обезбедиме релевантни податоци за населението, домаќинствата и становите, податоци кои се основа за креирање на политики кои одговараат на потребата на сите наши граѓани,“ се додава во соопштението.