Македонија Државниот завод за ревизија контра Антикорупциска: Сме извршиле многу ревизии со кои...

Државниот завод за ревизија контра Антикорупциска: Сме извршиле многу ревизии со кои е опфатена Владата

Фото: Влада на РСМ, 17 јануари 2022

Државниот завод за ревизија (ДЗР) реагираше на наводот од Антикорупциска комисија изнесен во дневникот на МРТ 1 вчера, дека Државниот завод за ревизија нема извршенo ревизија на Владата на РСМ.

Од ДЗР наведуваат дека во изминатите 13 години се извршени низа ревизии што го опфаќаат работењето на Владата.

Исто така согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година, Владата на РСМ е планирана и ќе биде предмет на ревизија на регуларност за
финансиските извештаи за 2021 година.